Хазбуналлаху ве ни’мел векил.
Овие се изговорените зборови од Ибрахим алејхи селам, кога бил фрлен во оган па Аллах огнот, ладен и спасоносен за него го направил.
Ги изговорил и Мухаммед салаллаху алејхи ве селлем, во ситуација која Кур’анот ни ја опишува:
“Оние на кои им рекоа луѓето: ’Непријателите, навистина се собрале против вас и чувајте се од нив’ – тоа ги уцврсти уште повеќе во иман па рекле: ’Доволен ни е Аллах. Е, само каков Закрилник е Он!“ Па се опсипаа со бериќетот и добрината Аллахова, и никакво зло не ги снајде и постигнале тоа што Аллах да биде задоволен од нив. А Аллах е неизмерно добар.“ (Али Имран 173 – 174)
Еден мудрец рекол: “Се чудам на четворица кои кога ќе бидат ставени на искушение а ќе останат немарни спрема четири работи; Се чудам за оној кој се плаши од некој народ а не зборува ’Хазбуналлаху ве ни’мел векил’ а Аллах кажува: “Оние на кои им рекоа луѓето: ’Непријателите, навистина се собрале против вас и чувајте се од нив’ – тоа ги уцврсти уште повеќе во иман па рекле: ’Доволен ни е Аллах. Е, само каков Закрилник е Он!“ И оние се вратиле опсипани со Аллахова благодет во изобилство, никакво зло не ги снашло а со тоа постигнале Аллах да биде задоволен со нив – а Аллах е неизмерно добар.
Се чудам за оној кој кога ќе се воодушеви од нешто а не кажува: ’МашАллах, Ла кувете илла биллах’ (Бидува онака како што Аллах сака, нема снага ниту моќ освен Аллаховата), Аллах кажува:
“А зошто, кога влезе во бавчата твоја не рече: МашАллах! Нема друга моќ освен онаа кај Аллах...“ (Ел Кехф 39)
Се чудам за оној на кого му се подметнуваат сплетки а он не кажува: ’Ве уфеввиду емри илаллах, инналлахе басирун бил – ибад’ (Јас оваа работа му ја препуштам на Аллах, Он навистина ги гледа своите робови), а Аллах кажува:
“И Аллах го сочува од невољите кои оние му ги правеа, и ќе се оствари пакосната казна кон семејството фараоново.“ (Ел Му’мин 45)
И се чудам за оној кого ќе го снајде грижа или невоља па не кажува: ’Ла Илахе Илла енте, субханеке ини кунтум минез – залимин’ (Нема Бог освен Тебе, славен нека си, јас навистина бев неправеден спрема себе), а овие зборови ги кажал Јунус алејхи селам, а Аллах после овие зборови кажува:
“...И Ние му се одѕвавме и од тегобите го спасивме, ете, Ние така ги спасуваме верниците“ (Ел Енбија 88)



Доволен ни е Аллах како Заштитник!

