Аллаховиот Посланик, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:
”Ако некој сака да ја осети сласта на верата, треба некого да сака во име на Аллах.” (Ахмед)
Љубов во името на Аллах е според љубовта на Аллах Возвишениот едно од двете потполно сакање.Како верникот или верничката да не сакаат нешто што ќе им помогне на патот за да постигнат Аллахово задоволство и што ќе им ја осигура Неговата љубов и близина.
Колку сакаме друга сестра во името на Аллах субханеху ве те ала искрено најдобро се покажува од нашето однесување спрема нејзе, колку сме запознаени со нејзината радост, со нејзиното разочарување, со нејзината состојба и со нејзините проблеми? Да се прашаме кога последен пат сме му рекле на сестрата во Ислам дека ја сакаме во името на нашиот Господар? Дали тоа беше вчера, пред една недела, пред еден месец, два или три? Или можеби никогаш...
Кога сме ја побарале, кога и се јавивме први и сме ја прашале за нејзиното здравје и нејзината ситуација? Зарем незнаеш дека нејзината насмевка без сомневање ќе го предизвика твоето барање, а тоа преставува садака за тебе. Ти мислеше на нејзе, ти ја израдува кога таа најмалку се надеваше, и го разубави денот. Немора тоа да бидат долги разговори, доволно да се тоа неколку минути кои ти ги издвои да се сетиш на твојата сестра во Исламот. Не гледај на тоа кој последен побара ниту кој последен се јави или кој последен пишуваше. Биди ти прва која ќе го направи ова добро дело и ќе ја израдува својата сестра во Исламот. Можеби тој ден твојата сестра нешто ја мачело а ти и олесни со твоите зборови.
”Ке биде се во ред ако Аллах сака.” Можеби таа сестра тој ден била тажна а ти со својот позив си и ја тргнала тагата. Можеби тој ден сестрата плачела а ти со својот гест и преипазливост према нејзе си ја насмеала а со тој разговор вашите срца се зближиле. А сето ова си го направила само заради да постигнеш Аллахово задоволство.
Возвишениот Аллах кажува:
“А верниците и верничките се пријатели едни на други бараат добри дела да се прават а од лошите одвраќаат и намаз обавуваат и зекат даваат и на Аллах и Посланикот негов му се покоруваат. Тие се оние на кои Аллах сигурно ќе им се смилува. Аллах е навистина силен и мудар.” (Тевба 71)
Израдувај ја својата сестра во Ислам имајќи го во предвид хадисот од Пратеникот саллаллаху алејхи ве селлем каде рекол:
”Ако човек го сака својот брат во вера треба тоа да му го каже.” (Ебу Давуд и Тирмизи)



Својата сестра – Израдувај ја во Ислам.

