Во името на Аллах Милостивиот Семилосен.
Рекол Аллаховиот Посланик Мухаммед саллаллаху алејхи ве селлем:
“Највредниот џихад е да го кажеш зборот на вистината пред неправеден владар“
(Хадисот го бележи Ебу Давуд, ет – Тирмизи и ибн Маџе во своите “Сунени“ од Ебу Сеид ел – Худри и Ебу Умаме ел – Бахили)
“Првакот на шехидите е Хамза, а потоа човек кој ќе дојде кај неправеден владар, кој ќе му ја каже вистината в лице, а владарот ќе го убие“
(Хадисот го бележи Хаким од Џабир ибн Абдуллах)
“Нека на никој од вас не го спречи стравот од луѓе да ја каже вистината кога ќе ја види или ќе биде нејзин сведок, затоа што зборот на вистината не ќе му го приближи смртниот час, ниту ќе му ја намали нафаката“
(Хадисот го бележи имам Ахмед во својот “Муснед“ од Ебу Сеид ел – Худри)
ДИЈАЛОГ:
Седи Хаџџаџ во својот работен двор (Меџлис – л – Имар) наведнат и наслонет, а од неговата лева страна стојат неговата послуга и соработници. Влегува преставникот од стражарите.
ХАЏЏАЏ: Воведете ги тројцата оптужени, еден по еден!
(Го донесуваат Мутарриф ибн Абдуллах)
ХАЏЏАЏ: Дали знаеш што одлучи заповедникот од правоверните (Емир на правоверните) по вашето прашање?
МУТАРРИФ: Знам.
ХАЏЏАЏ: Па дали си ти верник или неверник?
МУТАРРИФ: Аллах нека го помогне на емирот, што ли е друго него ли неверник, оној кој се издвоил од умметот, го прекршил даденото ветување, го изневери доверувањето, ја оставил пораката од Аллаховиот Посланик салаллаху алејхи ве селлем и ги вознемирил муслиманите.
ХАЏЏАЏ: (На оние околу себе во занос и победа) Го призна своето неверство и се спаси. Пуштете го.
ПОСЛУГАТА: (Едни на други на уво) Овој како да мислеше на емирот!
(Влегува Ша’би а портирот му шепоти на увото, признај дека си кафир и спаси ја својата глава!)
ХАЏЏАЏ: Аха, Ша’би значи и ти си бил со оние што се подигнаа против нас и го потпалија оганот од фитната?
ША’БИ: Аллах да ти даде секое добро емиру! Луѓето ме советуваа пред тебе да изговорам зборови на неверство со кои ќе те задоволам тебе а ќе предизвикам Аллахова лутина. Јас тоа нема да го направам но ќе ти ја кажам вистината. Ни се случи о емиру непоправливо зло, а ние во него не се држевме ниту како безгрешни и богобојазни ниту како силни грешници, додека не завршивме вака како што гледаш.
ХАЏЏАЏ: (Со свое намигнување): Вистината ја зборува. Се колнам во Аллах не беа богобојазни , да ги одвратгио тоа од побуната против нас, ниту беа моќни грешници за да победат против нас. Оди Ша’би ти опростивне! Доведете го предводникот на злото и водачот на побуната! (Влегува Се’ид ибн Џубејр)
ХАЏЏАЏ: (Како да не знае): Кој си ти?
СЕ’ИД: Се’ид ибн Џубејр. (Среќен, син на Поносниот/Јунак)
ХАЏЏАЏ: Напротив, ти си несреќник син од јадник.
СЕ’ИД: Мојата мајка подобро од тебе знаеше како е моето име и кој е мојот татко.
ХАЏЏАЏ: Несреќен си и ти, и твојата мајка.
СЕ’ИД: Нереќен е оној кој ќе биде од становниците на огнот. Да не го знаеш можеби невидливото?
ХАЏЏАЏ: Зошто бегаше и се криеше цело ова време?
СЕ’ИД: Ќе ти го речам она истото кое го рекол Муса алејхи селам, “Побегнав од вас затоа што за вас се плашев!“
ХАЏЏАЏ: (Бесен): Како да сакаш нешто да кажеш за мене? Дали ти тоа на мене мислиш?
СЕ’ИД: (Смирено): Само зборувам она што е.
ХАЏЏАЏ: Што си ти? Верник или неверни?
СЕ’ИД: (Остро): Не излегов од вера откако поверував во Аллах.
ХАЏЏАЏ: Тврдиш дека веруваш лицемеру еден?! Се колнам во Аллах ќе те испратам на жешка смрт.
СЕ’ИД: (Самоуверено и смирено): Значи, мојата мајка имала право кога ми го дала името Среќен. Затоа што, дали има поголема среќа од шехадет на Аллаховиот пат и друштвото од првакот на шехидите Хамза ибн Абдул Муталлиб!
ХАЏЏАЏ: (Потценувачки, цинично и со заканување): Ти ќе бидеш во друштво со муртедите и отпадниците, а овој свет ќе ти го заменам со оган разгорен.
СЕ’ИД: (Сигурно): Кога би знаел дека ти си тој кој одлучува за тоа би те обожавал тебе а не на Аллах.
ХАЏЏАЏ: (Гневен): Тешко тебе о несреќнику!
СЕ’ИД: Тешко на оној кој ќе биде оддалечен од Џеннетот и ќе биде фрлен во оган!
(Хаџџаџ ја менува темата)
ХАЏЏАЏ: Што кажуваш за Халифите? И кој е од нив најдобар?
СЕ’ИД: (Му ја затвара и оваа врата): За нив ниту ќе одговарам, а ниту сум пак створен за нив да се грижам.
ХАЏЏАЏ: Кој ти е од нив најдраг?
СЕ’ИД: Оној кој му е најдраг на Возвишениот Створител.
ХАЏЏАЏ: А кој му е најдраг на својот Створител?
СЕ’ИД: Тоа му е познато на Оној Кој ги знае нивните тајни и нивните мисли.
ХАЏЏАЏ: Одбиваш да признаеш?!
СЕ’ИД: Не напротив несакам да те лажам.
ХАЏЏАЏ: Што кажуваш за Муавија?
СЕ’ИД: Грижата за мојата душа ме одвраќа од пратење на делата од другите луѓе и изнесување суд за нив.
ХАЏЏАЏ: Го одбегнуваш одговорот?
СЕ’ИД: Блазе си му на оној на кого неговите мани го задржуваат и го спречуваат од пратење на маните од другите луѓе!
ХАЏЏАЏ: Што кажуваш за судирот измеѓу Алија и Муавија?
СЕ’ИД: Тоа е крв од која Аллах ги сочувал нашите раце, па зошто тогаш да ги валкаме со таа крв нашите јазици?
ХАЏЏАЏ: Што кажуваш за мене?
СЕ’ИД: Ти најдобро знаеш каков си.
ХАЏЏАЏ: Сакам да го знам твоето мислење?
СЕ’ИД: Тоа нема да ти се допадне, ниту пак да те развесели.
ХАЏЏАЏ: Макар и така нека е... Сакам да знам.
СЕ’ИД: Поштеди ме!
ХАЏЏАЏ: Аллах нека не ми опрости ако те поштедам!
СЕ’ИД: Кога веќе морам. Знам со сигурност дека работиш спротивно од Аллаховата книга и суннетот од Неговиот Посланик салалаху алејхи ве селлам, и праксата од праведните Халифи. Мислиш дека некои работи ќе те зацврстат на власт, и дека ќе го сочуваат твојот углед и достоинство, но не спротивно оние те водат во пропаст. Наскоро пред Аллах ќе излезеш па ќе ја сознаеш вистината.
ХАЏЏАЏ: Зарем немам спремено војска да се бори на Аллаховиот пат? Не го испратив ли Мухаммед синот од Касим ес – Секафиј да го освои Синд? Не воведов ли ред и мир и ги зацврстив стубовите на праведност во Ирак?
СЕ’ИД: Да... Но ти исто така си и насилник, и на земјата невина крв пролеваш, а Посланикот салаллаху алејху ве селлем рекол: “Кај Аллах ситно е, целиот дуњалук да исчезне отколку да биде убиен човек муслиман“, што да се каже за оној кој убил илјадници муслимани? О Хаџџаџ ти сакаш од Аллховите робови да направиш свои робови кои ќе ти се покоруваат и во добро и во зло, кои кога ќе им наредиш она што Аллах го сака и она што не го сака да речат: Слушаме и се покоруваме!. А нашата вера не познава лојалност спрема владар освен во добро, и нема покорност на било кое створение ако со тоа му се прави грев на Семоќниот Створител.
ХАЏЏАЏ: (Како да се оправдува): Сакаш ли да ги пуштиме оние кои ни прават завера нас да не уништат? Мораме да ги појадеме за ручек отколку тие нас да не изедат за вечера.
СЕ’ИД: Аллаховата вера не познава за страшни оброци. Човечко месо за ручек а друго за вечера! О Хаџџаџ да го сакаше ти оној свет не би поставувал власт која е твоја денес а таа нема да биде твоја утре.
(Хаџџаџ глуми смиреност, го пригушува својот гнев и преминува на друга тема.)
ХАЏЏАЏ: Јас сум му подраг на Аллах од тебе.
СЕ’ИД: Аллах најдобро го знае невидливото. А утре секоја душа ќе го добие она што го заслужува и никого нема да му биде направена неправда.
ХАЏЏАЏ: Јас сум низ водачите од заедницата на верници (халифи), а ти си со водачите на раздор и фитна.
СЕ’ИД: Заедница од верници ја прават оние што се со Вистината па макар на тоа и да би бил сам, како што рекол Месжуд, Аллах нека биде задоволен со него. А фитна и неред е злоставување на луѓето поради нивната вера.
ХАЏЏАЏ: Тоа се твоите кривоверни идеи со кои ги храниш своите ученици!
СЕ’ИД: Напротив ова е наука од Аллховиот Посланик салаллаху алејхи ве селлем, која од него ја презеле неговите чесни асхаби, а ние само тоа од нив го пренесуваме.
ХАЏЏАЏ: Зарем не гледаш колку злато собирам за водачот на правоверните (емирул му’минун)?
СЕ’ИД: Ништо немам видено.
ХАЏЏАЏ: Слуго, донеси го златото, среброто, текстилот.
(Слугата ги донесува и ги става пред Хаџџаџ)
ХАЏЏАЏ: Што кажуваш на ова?
СЕ’ИД: Добро е ако постапуваш онака како што бара Аллах од тебе?
ХАЏЏАЏ: А што е тоа?
СЕ’ИД: Да не го земаш освен на халал начин, да го бараш онаму каде што му е местото, и да не скржавиш да го потрошиш таму каде што му е местото. Во спротивно можеш да се надеваш само на еден крик на Кијаметскиот Ден кога секоја мајка ќе го заборави своето доенче, а секоја трудна ќе го исфрли својот плод.
ХАЏЏАЏ: Дали сакаш да ти припадне нешто од ова?
СЕ’ИД: Не го посакувам она кое Аллах не го сака.
ХАЏЏАЏ: Него да го оставиме сево ова. Кажуваат дека никогаш не си се смеел? Во што е тајната?
СЕ’ИД: Немам најдено ништо во животот за што би се насмеал? Зошто, како да се смее човек а него го чека мост (чуприја) преку Џехеннемот, а не е сигурен дали ќе го помине и дали ќе биде спасен? Кажува Возвишениот:
“И секој од вас ќе стигне до него! Господарот Твој така се обврзал.“
ХАЏЏАЏ: Што е тогаш со нас па ние се смееме?
СЕ’ИД: Нашите срца не се еднакви, а на секого од нас му е олеснето поради она за што е створен.
ХАЏЏАЏ: Зарем не си слушал музика (музички инструменти)?
СЕ’ИД: Ме загрижуваа други работи, одколку слушање безвреден говор.
ХАЏЏАЏ: Донесете музички инструменти.
(Носат и еден од нив почнува да свири а Се’ид плаче)
ХАЏЏАЏ: Што те тера да плачеш? Ова е само музика и забава?
СЕ’ИД: Напротив тоа е жалост и тага. Дувањето во трубите ме потсети на страшната случка. “На денот кога ќе се дувне во сурот (труба) па вие во дружини ќе доаѓате. И ќе се дувне во рогот, па оние од гробовите ќе одат спрема својот Господар.“
ХАЏЏАЏ: Сакаш да ме омекнеш (со емотивниот говор) за да би ти опростил?
СЕ’ИД: (Горделиво): Само на Аллах му се молам за опрост... А тебе ниту ќе ти се извинувам ниту пак од тебе опрост ќе барам, о Хаџџаџ.
ХАЏЏАЏ: (Гневен и бесен): Тогаш бирај со каква смрт сакаш да те усмртам.
СЕ’ИД: (Смирено): Не ти избери о Хаџџаџ, се колнам во Аллах со каква смрт да ме усмртиш со исто таква смрт на Ахирет Аллах ќе те казнува!
ХАЏЏАЏ: Се колнам во Аллах, ќе те убијам како што никого до сега немам убиено и ниту ќе убијам некој друг на таков начин!
СЕ’ИД: Тогаш ти навистина, мене ми го земаш дуњалукот а јас тебе Ахирет!
ХАЏЏАЏ: Слуга! Сабја и кожа!
(Слугата донесува сабја и кожа за егзекуција)
ХАЏЏАЏ: Носете го!
(Слугата го поведува. Кога се завртил се насмевнал Се’ид а некој од присутните го видел и му дошепнал на Хаџџаџ дека Се’ид се насмевнал)
ХАЏЏАЏ: Вратете го!!! Нели рече дека никогаш не си се насмевнал? Што те наведи тогаш да се насмееш?
СЕ’ИД: Се смеам на твојата дрскост спрема Возвишениот Аллах и Аллаховата благост спрема тебе!
ХАЏЏАЏ: (Надвор од себе си): Убијте го! Смачкајте го тој човек!
СЕ’ИД: (Завртен спрема Кибла): “Јас го завртувам лицето свое, како прав верник спрема Оној Кој земјата и небесата ја создал. Јас не сум од оние кои Него други рамни ми сметаат.“
ХАЏЏАЏ: Завртете го како што се завртуваат христијаните, кои меѓусебно се поделиле и од насилство спрема себе се разединиле, затоа што тој е од нивната партија.
СЕ’ИД: (Насмеан): “Аллахови се истокот и западот, па било каде да се завртете – таму е Аллаховата страна.“
ХАЏЏАЏ: (Уште полут): Наведнете го на неговото лице. И лицето спрема земјата завртете му го.
СЕ’ИД: “Од земја вас ве створивме и во нејзе вас ве враќаме и од нејзе повторно ќе ве изведеме.“
ХАЏЏАЏ: Заколете го Аллаховиот непријател! Како само брзо се повикува на Кур’ан!
СЕ’ИД: А јас од Хаџџаџ сведочам дека нема друго божанство освен Аллах тебареке ве те’ала, и дека Мухаммед е Негов роб и Посланик. Запамети ги овие мои зборови се додека не ме сретнеш на Денот Кијаметски... О Аллах не дозволи да убие некого друг после мене!
Напомена: Аллах ја прими оваа дова од Се’ид така што Хаџџаџ после убиството од Се’ид ибн Џубејр не убил ниту еден муслиман, затоа што набрзо тој умрел во најголеми маки кои го затекнале, причинувајќи му се дека Се’ид ибн Џубејр му доаѓа и сака да го убие.
Аллаху Екбер!!!



Расправа помеѓу Сеид ибн Џубејр и Хаџџаџ ибн Јусуф!
