Monoteizam

Wednesday, Feb 22nd

Освежено:10:57:57 PM GMT

Вие сте тука: Да'ва Стрпливост - сабр во потешкотии и страствени предизвици!!!

Стрпливост - сабр во потешкотии и страствени предизвици!!!

Сабр

Стрпливоста преставува одвраќање на душата од немир и лутина, чување од невољи – пороци (Алкохол, блуд, коцка итн), чување јазикот од оптужби, лажење, кукавичлук.

 Стрпливоста ти дава постојаност во извржување на прописите од кур’ан и суннет. Исламот втемелил потполн метод со кој муслиманот се соочува со овосветскиот живот преполн со негодувања и потешкотии. Со тоа во Кур’анот дошле многубројни препораки кои ги повикуваат верниците да се наоружаат со стрпливост, појаснувајќи ја неговата важност и влијание.

Кажува Возвижениот:

“О верници, бидете стрпливи, трпеливи и издржливи, држете се цврсто и плашете се од Аллах за да бидете спасени!“  (Али Имран 200)

Ел – Хасан ел – Басри, кажува: “Наредено им е да бидат стрпливи во верата со која Аллах е задоволен, а таа вера е Ислам. Така што нема да ја остават ниту во радост ниту во тага, ниту во потешкотии, ниту во благодет се додека не умрат како муслимани. Наредено им е да бидат издржливи спрема непријателите, а бдеењето е чест и наизменичен престој на места за ибадет цврста постојаност и издржливост. Некои рекле дека тоа е чекање на намазот, а некои дека тоа е бдеење на бојните полиња.“

Кажува Возвишениот:

“Ние едни со други во искушенија ве доведуваме, па стрпете се, издржите!“ (Фуркан 20)

Аллах тебареке ве те ала, ги става на искушение со добро и зло, среќа и несреќа и верниците го искушува со неверници поради испит и опрост, но и поради казна што е општо познато во историјата на народот.

Стрпливоста е Аллахова џеле ве ала, порака на сите Негови Посланици кои сакале победа, сигурност и снага.

Возвишениот Кажува:

“Ти издржи, стрпи се онака како што се стрпија  одлучните Посланици. И не барај казната побрзо да им дојде!“  (Ахкаф 35)

Издржливоста – сабр, е највисок степен и затоа Аллах во својата Мудра Книга кажува за трпеливите:

“Аллах  навистина е со оние кои се трпеливи.“  (Ел Бекаре 153)

Господарот на сите светови, ја спомнал трпеливоста и нејзиното значење заради нејзината важност на околу деведесет места во Кур’анот.

Ибн Кесир рахимехуллах, кажува: “Стрпливоста е двојна: Српливост поради оставање забрана и грешење и Стрпливост во извршување на покорност и приближување кај Аллах.

Втората врста има поголема награда, затоа што со таа преставува цел, и третата врста е стрпливост во негодување и несреќа.

 

 

Монотеизам Да’ва Тевхид.